Репрезентативците се собраа – со млади сили кон победи (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската сениорска репрезентација денеска го означи почетокот на мини подготовките за престојните два квалификациска натпревари против Израел на 2. септември во Хаифа и против Албанија на 5. септември во Струмица.

Селекторот Игор Ангеловски ги собра репрезентативците и попладнево веќе стартувајќи со првите тренинзи.

На располагање на Ангеловски се сите фудбалери. Единствено неизвесен е настапот на Ферхан Хасани, кој поради повреда вчера не настапи за својата Шкендија на дуелот против Академија Пандев. По консултации со лекарскиот тим на репрезентацијата следниве два дена ќе биде познато дали ќе може да помогне на националниот тим.

Репрезентацијата до четврток ќе се подготвува во Скопје, а потоа заминува за Хаифа за дуелот со Израелците.

[new_royalslider id=”747″]

 

Се вчитува...