Репрезентативците се собраа за пресметките со Летонија и со Велс (ФОТО)

Македонската репрезентација денеска  ја започна ноемвриската репрезентативна акција со официјалната прозивка во хотел „Хилтон“ во Скопје.

Селекторот Благоја Милевски го означи првиот собир за мини-подготовките за двата последни натпревари за годинава, пријателскиот меч со Летонија на 13 ноември во Скопје и завршниот квалификациски дуел против Велс на 18 ноември во Кардиф.

На списокот на Милевски се 28 фудбалери, со цел да има поширока конкуренција за последниот натпревар во циклусот. Поради повреда ќе отсуствува Езѓан Алиоски, додека во тимот се враќаат Бојан Димоски, Лирим Ќамили и Кристијан Трапановски.

Се вчитува...