Репрезентативците веднаш „нападнати“ од Македонци во Варшава, но и симпатизери на Наполи, Интер… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Варшава,

Владимир Булатовиќ

Македонската репрезентација попладнево околу 14 часот со чартер лет од Скопје слета во Варшава каде следниве два дена ќе течат подготовките за квалификацискиот натпревар против Полска од Групата Г за пласман на ЕП 2020.

Фудбалерите веднаш на аеродромот во главниот град на Полска беа „нападнати“ од Македонци кои живеат и работат во Полска со желба за фотографија и автограм од најдобрите македонски фудбалери, како и колекционери но и симпатизери на италијанските Наполи, Интер, Лацио… Токму поради тоа цел на „напаѓачите“ пред се беа Горан Пандев, Елиф Елмас…, но и членот на англиски Лидс.

По пристигнување во Варшава, и краток одмор, репрезентативците денеска од 18 часот ќе го одработат првиот тренинг на полско тло, на стадионот на Полонија.

 

Се вчитува...