Репрезентативците во некомплетен состав ја почнаа првата фаза од подготовките за Полска и за Австрија

Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски во некомплетен состав, согласно најавите, со 15 репрезентативци од вкупно повиканите 23 ги почна подготовките за квалификациските натпревари против Полска (7. јуни) и против Австрија (10. јуни).

Официјалните подготовки стартуваат на 3. јуни, но до тогаш дел од репрезентативците низ полесен тренажен процес ќе одржуваат ритам пред финалната подготовка за првата средба со Полска која ја играме на 7. јуни на арената „Тоше Проевски“ во Скопје.

Во оваа фаза од подготовките на тренинзите на националниот тим партиципираат повиканите фудбалери од домашното првенство, дополнети и со Несторовски, Трајковски, Стефан Ристовски, Хасани, Димитриевски… На тренинзите, во оваа фаза, приклучен е и еден од најдобрите млади офанзивци, 19-годишниот Марко Ѓорѓиевски кој пролетва имаше беспрекорна сезона во редовите на новиот прволигаш Борец.

Се вчитува...