Еве кога слетуваат фудбалерите, два дена во Скопје, па лет за нова историја – кон Порто

ЕКИПА во Палермо, Италија

Владимир Булатовиќ

Македонската репрезентација по историскиот успех со триумфот над европскиот шампион Италија во полуфиналето од баражот за пласман на СП 2022 денеска во 17:25 часот слетуваат во Скопје од Палермо каде ќе бидат продолжени подготовките за финалето на патот кон Катар против Португалија.

Веќе утре продолжуваат тренинзите на комплексот на ФФМ, а националниот тим во недела во вечерните часови заминува за Португалија.

Натпреварот со Португалија, финален на патот кон Мундијалот, ќе се игра на „Драгао“ во Порто на 29. март со почеток од 20:45 часот.

Се вчитува...