Репрезентативците заминаа за Чешка: Да се поправи впечатокот против уште еден учесник на ЕП (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската фудбалска репрезентација, се уапти кон Чешка, каде што во Храдец Кралове во петок ќе го одигра пријателскиот натпревар против Чешка, втор во јулскиот циклус контролни натпревари.

Македонија сака поправање на впечатокот од дуелот со Хрватска, во кој „коцкастите“ славеа победа со 3-0, а во македонскиот национален тим не функционираше ништо, и одигра еден подпросечен натпревар кој е за заборав.

Македонските репрезентативци веќе најавуваат дека лекцијата од Ријека е веќе научена, и дека следува многу подобро издание во дуелот против уште еден учесник на престојното ЕВРО 2024 во Германија.

Воедно, ова е последен тест за Македонија пред вториот дел од годината каде следуваат натпреварите од Лигата на Нациите.

Се вчитува...