Репрезентациите до 19 и до 17 години ги добија Германија и Шпанија за противници во квалификациите

Младите репрезентации до 19 и до 17 години, ги добија противниците во квалификациите за ЕП 2023.

ЕП 2024 до 19 години ќе се одржи во Северна Ирска, а Македонија ќе игра против Германија, Полска и Казахстан. Мини турнирите ќе се играат во семптеври, октомври и ноември идната година. Првите два тима од секоја група ќе се приклучат на Португалија во елитната рунда квалификации.

Селекцијата до 17 години во квалификациите за ЕП 2024 година кое ќе се одржи во Малта, ги доби Шпанија, Словачка и Малта. Мечевите ќе се играат меѓу 1. јули и 21. ноември идната година, а дополнително ќе бидат одредени домаќините на мини турнирот.

Во елитната рунда одат првите две селекции, и најдобрите пет третопласирани од сите групи.

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДО 19 ГОДИНИ – ГРУПА 7: Германија, Полска, МАКЕДОНИЈА, Казахстан.

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДО 17 ГОДИНИ – ГРУПА 8: Шпанија, Словачка, МАКЕДОНИЈА, Малта.

Се вчитува...