Репрезентацијата до 17 години на тестови со Кипар

Македонската репрезентација за фудбалери до 17 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Кипар на 12. и 14. септември со почеток од 16 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Селекторот на Македонија, Горан Станиќ за двете пресметки против Кипар ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Матеј Андов, Марко Алчевски

Одбрана: Божидар Митревски, Јован Манев, Ален Личина, Редев Јанкуловски, Борис Јакимовски;

Среден ред: Емил Скоко, Иван Николов, Стефан Георгиев, Димитар Тодоровски, Влада Новевски

Напад: Кире Трпчевски, Џемаил Ибиши, Муарем Сухељ, Куштрим Таири, Давид Тошевски.

Се вчитува...