Репрезентацијата комплетирана: Димитријевиќ и Ѓуроски се приклучија за Перм (ФОТО)

Македонската кошаркарска репрезентација утрово патува за Перм на финалните квалификациски натпревари во желбата за пласман на Европското првенство.

Експедицијата патува во комплетен состав откако се приклучија и Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски. Репрезентацијата за Перм патува во 10 часот со чартер-лет од скопскиот аеродром.

Националниот тим во Русија треба да пристигне во 20:40 часот по локално, односно 16:40 часот по македонско време.

Се вчитува...