Репрезентацијата лета за Виена: Во Австрија за поправање на впечатокот од Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација во 11 часот со чартер лет од скопскиот аеродром заминува за Виена каде утре од 20:45 часот ја очекува квалификацискиот натпревар против Австрија за пласман на ЕП 2020.

Очигледна е позитивната атмосфера меѓу репрезентативците кои се подготвени со максимално издание во Виена да го поправат впечатокот од првиот меѓусебен натпревар во Скопје кој го загубивме со 1-4. Селекторот Игор Ангеловски се соочува со серија проблеми поради повредени фудбалери, но капитенот Горан Пандев и оние кои патуваат за Виена се подготвени за ново позитивно издание низ овој квалификациски циклус…

 

Се вчитува...