Репрезентацијата максимално оптимистички кон Варшава (ФОТО)

Фудбалските репрезентативци на Македонија во 11 часот со директен чартер лет од Меѓународниот аеродром во Скопје, заминуваат за Варшава, каде во недела во 20:45 часот ќе го одиграат мечот против Полска во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020. година. Расположението кај репрезентативците е одлично по вчерашната победа над Словенија од 2-1.

Вечерва во 18 часот, избраниците на Игор Ангеловски ќе го имаат и првиот тренинг на „Полонија“ стадионот во Варшава.

 

 

 

Се вчитува...