Репрезентацијата на Кина (У20) ќе игра во четврта германска лига?

Младинската фудбалска репрезентација на Кина за играчи до 20 години бара да се натпреварува во Германија со цел што подобро да се подготват фудбалерите за настапот на ОИ во Токио во 2020 година. Во Германската фудбалска федерација го разгледуваат предлогот за вклучување на младите Кинези во четвртата лига на оваа земја.

„Се уште ништо не е договорено, но клубовите се „за“. Постои голем интерес за овој предлог“ – истакнува претседателот на Германската фудбалска федерација, Феликс Видеман.

Репрезентацијата на Кина би имала статус како и секој друг клуб, но бодовите не би се сметале, така што нејзиното учество не би влијаело на текот на натпреварувањето. Југозападната регионална лига на Германија има 19 клуба и секој има по две слободни кола кои ќе може да ги користи за одигрување на пријателски натпревари.

Германските клубови би добиле околу 15 илјади евра компензација за два натпревари против репрезентацијата на Кина, доколку планот биде спроведен. Базата на кинеската репрезентација би била во местото Хајделберг.

Членовите на Југозападната регионална германска лига ќе имаат состанок на 11 јули, кога најверојатно ќе биде донесена одлуката во консултација со Германската фудбалска федерација.

Кина и Германија во ноември минатата година потпишаа петгодишен договор за партнерство со цел за поголем развој на фудбалот во оваа азиска земја.

Се вчитува...