Репрезентацијата на Косово под максимално обезбедување пристигна во Скопје… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Репрезентацијата на Косово пристигна во Скопје во пресрет на утрешниот натпревар со Македонија од полуфиналето во плеј-од баражот за пласман на Европското првенство следната година.

Под максимално полициски обезбедување селекцијата на северниот сосед пристигна во главниот град веднаш сместувајќи се во хотелот „Парк“ кој е дел од комплексот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Косовските репрезентативци од 18 часот ќе го имаат и официјалниот тренинг на арената, а претходно ќе биде одржана и прес-конференцијата во пресрет на утрешниот дуел.

 

Се вчитува...