„Репрезентацијата не се одбива, немаше да можам да се погледнам во огледало ако не дојдев да помогнам“

Мирко Алиловиќ со настапот на ЕП 2018 ја заврши репрезентативната кариера, но искусниот голман се појави во составот на Хрватска за стартот од главната фаза.

Чуварот на мрежата на Пик Сегед во изјава за хрватските медиуми изјави дека повикот од националниот тим е нешто што во ниеден момент не помислил да го одбие.

„Дојдов затоа што не сакав да го оставам Пешиќ сам. Позитивен беше и Шуњиќ, а ако се случеше истото и со Пешиќ ќе останевме без голмани. Репрезентацијата не се одбива, немаше да можам да се погледнам во огледало ако не дојдев да помогнам во овој кризен период“, изјави Алиловиќ за „Спортске Новости“.

Камбекот на искусниот чувар на мрежата сепак не помогна да биде избегнат непријатниот пораз од селекцијата на Црна Гора на стартот од главната фаза во Будимпешта.

„За жал, ова е реалноста. Црна Гора имаше повеќе заразени претходно, тие добија зелено светло за настап, додека ние мака мачиме да собереме играчи. Имаме млади ракометари кои немаат искуство од играње на големи натпреварувања. Влеговме во грч од почетокот против Црна Гора, а штом противникот намириса крв, го зголеми притисокот и веќе немаше враќање за нас“, прокоментира Мирко Алиловиќ.

Се вчитува...