Репрезентацијата пристигна во базата во Бад Рагац, на финални подготовки за мечот до Лихтенштајн (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на репрезентација на Македонија, стигнаа во, Бад Рагац, Швајцарија место кое се наоѓа во близина на Вадуц, каде во петок ќе го одиграат натпреварот против домашниот Лихтенштајн во 7. коло од квалификациите за Светското првенство 2022 година во Катар.

Атмосферата е одлична пред најважаниот натпревар во овој квалификациски циклус, како што кажаа во неколку наврати селекторот Благој Милевски, но и дел од репрезентативците.

Македонија утре ќе го одработи и официјалниот тренинг, а мечот е закажан за в петок во 20.45 часот.

 

 

Се вчитува...