Македонската фудбалска репрезентација се врати. По девет месеци, конечно селекторот Игор Ангеловски ги собра најдобрите македонски фудбалери за стартот од Лигата Ц на Лигата на нации и двата натпревари против Ерменија и Грузија кои не очекуваат на 5. септември во Скопје, односно 8. септември во Тбилиси.
Последниот заеднички собир на репрезентативците беше во ноември минатата година. Триумфот против Израел од 1-0 во Скопје со голот на Бобан Николов е последниот одигран натпревар за избраниците на Ангеловски.
Националите во моментов го одработуваат првиот тренинг на националната арена „Тодор Проевски“. Стручниот штаб од утре ќе го има комплетниот состав на располагање по приклучувањето и на Егзон Бејтулаи кој денеска имаше натпревар со Шкендија во 4. коло од Првата лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА