Денес, 08.06.2026 година (понеделник), во хотелот „Green Space“ во Охрид, се одржа официјалниот собир на машката сениорска репрезентација на Македонија во ракомет на плажа.
Со денешниот собир, репрезентативците, предводени од селекторот г-дин Наум Бабачев, официјално ги започнаа подготовките за претстојниот меѓународен турнир во Полска, на кој ќе настапат против европски репрезентации.
По неколкудневните подготовки во Охрид, националниот тим на 12 јуни ќе отпатува за градот Плоцк, Полска.
Распоред на натпреварите:
13.06.2026 (сабота)
Македонија – Чешка | 10:30 – 12:00 часот
Германија – Македонија | 17:30 – 19:00 часот
14.06.2026 (недела)
Полска – Македонија | 11:00 – 12:30 часот
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
