Репрезентацијата во традиционално карате на Светски шампионат во Клуж

Македонската репрезентација во традиционално карате од 3. до 5. ноември 2017 година ќе земе учество на Светскиот Фудокан карате шампионат за сениори што ќе се одржи во Клуж, Романија. Репрезентација во традиционално карате ќе настапи во следниот состав: Дејан Недев, Матеј Ангеловски, Бојан Богдановиќ, Јадранка Недева, Емилија Јанчевска, Александар Волкановски.

Овој шампионат треба да биде последен тест за македонските каратисти пред Официјалниот Обединет ИТКФ Светски Шампионат кој од 1. до 3. декември 2017 година ќе се одржи во Монтекатини, Италија.

Се вчитува...