Рестарт на Ла Лига во јуни: Клубовите почнуваат со тренинзи оваа недела

Фудбалот во Шпанија во најсилната конкуренција ќе продолжи во јуни. Одлуката ја соопшти претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас. Клубовите ќе почнат со тренинзи во текот на оваа недела откако добија дозвола од министерството за здравство, а шпанската влада реши да ги релаксира мерките за борба против коронавирусот. Во следните денови сите играчи ќе бидат тестирани за CoVid-19 и потоа ќе можат да почнат со тренинзи.

„Враќањето на фудбалот ќе биде значаен елемент за враќањето на животот што го знаеме во Шпанија. Здравјето на луѓето е најважно и затоа имаме протокол за безбедност на сите кои се инволвирани во рестартот на Ла Лига. Околностите се непредвидливи, но се надеваме дека ќе почнема во јуни и дека сезоната 2019/20 ќе ја завршиме во текот на летото“ – најави Тебас.

По тестирањето, играчите ќе мора да чекаат два дена за да почнат со индивидуални тренинзи. Клубовите ќе добија по еден месец за подготовки. Натпреварите ќе бидат играни без публика.

 

Се вчитува...