Кошаркарскиот клуб Бург одлучи да игра во Еврокупот, и покрај можноста да игра во Евролигата.
Бург, како победник на Еврокупот, не сакаше да ја искористи таа шанса пред се поради финансиски и организациски предизвици, па затоа барем во следните три сезони ќе игра во второто по ранг натпреварување. Како што објавува „Еурохупс“, Монако и Париз сигурно ќе играат во Евролигата следната сезона иако тимо од кнежевството имаше многу финансиски проблеми.
Затоа, нема да има промени во бројот на екипи, како и во составот на елитното натпреварување. Сепак, некои медиуми пишуваат дека местото на Бург би можело да го пополни Бешикташ или пак грчки ПАОК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
