Ретро видео: Скопското дерби Вардар – Пролет од 1975 година

Ракометниот клуб Пролет на официјалната веб-страница објави видео од дуелот со Вардар од 1975 година, одлучувачки меч меѓу двата големи скопски ривали за влез во Првата Сојузна Лига на СФРЈ.

Натпреварот се одигра на игралиштето „Парк“ кај Зоолошката Градина во Скопје, а на трибините се најдоа над 3.000 навививачи. За тимот на Пролет настапувале Коруновски, Драган Здравковски, Ристо Трпчевски – Буцо, Марјан Огњановски, Миро Трајковски… На спротивната страна, кај Вардар на голот се наоѓал Ванчо Јовановски, во играчкиот кадар биле Љубомир Савевски – Цевак, Ивановки – Ќумбе, како и клупската легенда на Пролет, Славе Атанасовски – Чаве, за кого ова беше прв меч против долгогодишниот клуб по преселбата во Вардар.

Во беспоштедна битка на теренот, мечот заврши со минимален триумф на Вардар, кој со оваа победа влезе во Првата Сојузна Лига на СФРЈ.

Се вчитува...