Револт на младите вардарки – Еднаш да имате повеќе респект за Македонец отколку за странец!

Македонската репрезентативка во составот на Вардар СЦЈС, Сара Митова, преку својот профил на фејсбук го изрази својот револт од односот на раководството на Вардар и на раководните структури во македонскиот ракомет, кон младите македонски ракометарки кои го носат дресот на македонската репрезентација и на Вардар СЦЈС. По одигрувањето на денешниот завршен меч меѓу Вардар и Вардар СЦЈС, на вардарки им беа доделени медалите и шампионскиот пехар, а ракометарките од вториот сестрински тим, во кој повеќето се македонски репрезентативки, сметаат дека биле заборавени од сите.

„Респект за секоја од ракометарките на првата екипа, а најголем дисреспект до управата, структурите и раководителите на македонскиот ракомет. Да ни го завртите грбот и да немате да ни доделите медали, да не дојдете и да не покажете никаква поддршка, да не ни упатите никаков спортски поздрав, а кога ќе дојде време за некој македонски играч да замине и да игра во странство, тогаш сте први за да барате парична отштета?! …Многу ли е тоа што бараме, ништо друго освен трошка почит, малку поддршка и барем еднаш да имате повеќе респект за Македонец отколку за странец?“  – напиша Митова во својата порака која ја споделија и другите репрезентативки од составот на Вардар СЦЈС.

sara 2

Се вчитува...