Револуција: НБА доаѓа во Европа?!

Огромна револуција во кошарката е на повидок откако НБА и ФИБА започнаа преговори за формирање на нова лига, НБА Европа која треба да ја замени Евролигата, пренесува шпанска „Марка“.

Тоа не значи дека Црвена Звезда ќе игра против Лејкерс, тука новата дивизија ќе биде под контрола на НБА и ќе додадена на веќе постоечките „брендови“ како НБА, НБА во женска конкуренција, Летната лига и НБА Африка, a во неа ќе се натпреваруваат најдобрите тимови од „стариот континент“.

Договорот е веќе започнат и нејзината реализација може да биде готова веќе на почетокот на следната сезона. Целиот процес го забрза и заминувањето на Џорди Бартомеу од функцијата раководител на Евролигата, но со цел да не се повторно случајот „Суперлига“, ќе се бара „дозвола“ и од националните првенства.

Идејата за НБА Европа не е новитет и истата постои повеќе од една децнија, но тогаш таа се базираше кон приклучување на европски тимови кон НБА за првенствени натпревари против великаните од Северна Америка, сон на Дејвид Стерн кој не беше остварен.

Но, со оглед на се поголемото незадоволство на европските кошаркарски великани од Евролигата, како и големиот проблем за усогласување на календарите за националните средби кој постои веќе извесно време, оваа идеја сега не е далеку од реализација.

Се вчитува...