Револуција во Лигата на шампионите, УЕФА предлага „швајцарски модел“

Актуелниот формат на Лигата на шампионите, кој го гледаме од нејзиното формирање пред помалку од три децении, наскоро може да биде заменет со т.н. швајцарскиот модел што ќе им биде претставен на клубовите денес. Овој формат треба да стапи на сила во 2024 година, и за разлика од сегашниот, тој би бил многу подинамичен и не би подразбирал групна фаза, која „оживеа“ во сегашноста.

Информацијата дека се работи на промена за нов формат во Лигата на шампионите ја потврди заменик-секретарот на УЕФА, Џорџо Маркети и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели. Откако овој формат ќе биде претставен пред клубовите денес, следниот важен датум ќе биде 20 април, за кога е закажан следниот Конгрес на УЕФА, и сè ќе биде потврдено на Извршниот комитет на Европската конфедерација.

Доколку овој предлог биде усвоен, тоа ќе значи дека клубовите нема да бидат поделени во групни фази. Имено, секој тим би играл против 10 ривали, кои би ги добиле на ждрепката пред почетокот на натпреварувањето. Наместо претходните 16, осум клуба би оделе во нокаут фаза, додека клубовите рангирани помеѓу осмото и 24-то место би се натпреварувале во плејофот за т.н. класичното осминафинале.

Овој формат би вклучувал 36, наместо претходните 32 клуба и би бил далеку подинамичен, но и со многу погуст распоред од порано.

Се вчитува...