Едно очајно полувреме беше доволно за Томас Тухел да увиди дека нема веќе време за експерименти, па го уфрли Килијан Мбапе на теренот за пресврт и победа од 1-3 на гостувањето против Гингамп.
Слично како и во првото коло тренерот на ПСЖ повторно ротираше голем дел од првотимците, но овојпат се соочи со голем проблем откако Гигнамп го заврши првото полувреме со водство од 1-0. Во 46. минута Мбапе влезе во игра на местото на младиот Веа и експресно ситуацијата се промени, најпрвин Нејмар израмни на 1-1 од пенал, пред Мбапе да ги постигне решавачките погодоци во последните десет минути од натпреварот.
#EAGPSG – Le but de Kylian Mbappé qui donne l’avantage à Paris face à Guingamp : pic.twitter.com/VLOKHM989E
— La Causerie de L1 Vidéos (@CDL1Videos) August 18, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА