Резервите ја потопија Македонија – Франковски и Милик за 2-0 во Варшава

Иницијативата на Полска конечно вроди со плод, па домашната селекција по голема битка успеа да го скрши отпорот на Македонија и набрзина да поведе со 2-0.

Домаќините го отворија резултатотпреку „супер-резервистот“ Франковски. Тој влезе во игра на местото на Гросицки во 74. минута, а само триесетина секунди подоцна ја затресе мрежата по одличната акција на Левандовски.

Сите надежи за камбек потонаа откако уште еден „резервист“, Аркадиуш Милик, погоди со прекрасен удар од дваесетина метри, за големо разочарување меѓу нашите фудбалери, но и еуфорија меѓу домашните фанови на стадионот во Варшава.

Се вчитува...