Режисер на хорори ќе снима филм за Синиша Михајловиќ

Животната приказна на Синиша Михајловиќ, кој во моментов води битка со тешка болест, би можеле наскоро да ја видиме и на филмско платно откако италијанскиот режисер Џузепе Пупи Аваи обелодени дека сака да сними филм за српскиот стратег.

Филмот би го опфаќал целиот живот на Михајловиќ, кој имаше извонредна играчка кариера пред да стане тренер, како и моментите на болеста, но за тој да се реализира сепак ќе треба да се добие зелено светло од самиот тренер на Болоња.

„Кога слушнав за Синиша и јас се разболев. Тешко ми падна таа вест, но сигурен сум дека ќе победи во обаа борба, сите се молиме за него. Тој е инспирација на многу луѓе, затоа и сакам да снимам филм за него. Досега имам само еден спортски филм кој не беше премногу успешен, но кога е Михајловиќ во прашање вреди да се ризикува“ – истакна Аваи за италијанските медиуми.

Џузепе Пупи Аваи важи за најдобар италијански режисер на хорор-филмови. Тој има снимено над 40 филмови од овој жанр, а пред неколку години беше и во конкуренција за наградата „Златна Палма“.

Се вчитува...