РФМ: Чакарески не е веќе спортски директор на репрезентацијата

Милчо Чакарески не е веќе спортски директор на сениорскиот ракометен национален тим, официјално објави Ракометната федерација на Македонија.

„Ракометната федерација на Македонија ја известува спортската јавност дека во координација со директорот на машките репрезентации Милчо Чакарески, заеднички донесоа одлука за прекин на досегашниот ангажман. Чакарески ја извршуваше функцијата спортски директор во период од март 2016 до септември 2019, поради персонални професионални ангажмани се повлекува од функцијата во стручниот штаб на машките ракометни репрезентации. Во периодот кој следува УО на РФМ ќе постави нов вршител на функцијата“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на РФМ.

Чакарески дојде на функцијата во периодот кога селекторот беше Ивица Обрван, а остана како дел од гарнитурата и со Лино Червар и со Раул Гонзалес.

Се вчитува...