РФМ избра нови селектори на младинските репрезентации

Управниот одбор на РФМ, на предлог на селекторот Данило Брестовац, ги верификуваше и селекторите на младинските репрезентации.

Според изборот на РФМ, селектори на генерацијата 2002 и помлади во иднина ќе бидат Никола Матлиески и Благојче Весиќ, додека генерацијата 2004 и помлади ќе ја водат Раде Стојановиќ и Кире Атанасовски.

Данило Брестовац и натаму останува и во улогата на координатор на активностите на предложените селекторски двојки во младинските селекции.

Сашо Србиноски, пак, е промовиран во селектор на репрезентациите во ракомет на плажа. Наум Танески и Тања Андрејева ќе бидат негови помошници.

Македонија ќе има два тима и во машка и во женска конуренција на Европското првенство кое летово ќе се одржи во Полска.

Се вчитува...