РФМ ја исплати премијата од 30.000 евра за настапот на СП во Франција

Ракометната федерација на Македонија ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот во втората фаза на Светското првенство во Франција, по претходно донесената одлука на Управниот одбор на РФМ.

На СП 2017 што се одржа во јануари во Франција, македонската репрезентација заврши на 15.место во конечниот пласман. Во групната фаза, Македонија ги победи Тунис и Ангола, одигра нерешено со Исланд и запиша два порази од Словенија и од Шпанија. Во осминафиналето Македонија беше елиминирана од Норвешка која потоа стигна до мундијалското финале.

Се вчитува...