РФМ ја прифати жалбата на Бутел и му додели победа на “зелена маса”

Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација на Македонија ја прифати жалбата на Бутел и му ја додели победата (23-22) од мечот против Пролет, иако претходно натпреварот на терен заврши без победник (23-23).

Пролет на мечот постигна гол за реми во последната секунда од мечот од пенал, но по мечот беше утврдено дека часовникот бил запрен предвреме и натпреварот траел 7,5 секунди повеќе од регуларното време.

Екипата на Пролет вчера исто така во духот на спортскиот фер-плеј истакна преку соопштение дека победата треба да му биде препишана на Бутел, затоа што гол бил по истекот на времето.

Се вчитува...