РФМ се вклучи во акцијата за лекување на Тони Шопов

Ракометната Федерација на Македонија се вклучи активно во акцијата за помош на поранешниот македонски репрезентативец Тони Шопов, кому му се неопходни 20.000 евра за лекување во странство.

Најблиските на Шопов покренаа акција за собирање на помош, веќе се пристигнати донации од бројни ракометари, а денеска УО на РФМ објави дека куќата на ракометот ќе донира 5.000 за евра овој велешки ас.

„Управниот одбор на Ракометната Федерација на Македонија донесе одлука да донира финансиски средства во висина од 307.500,00 денари, за лицето Тони Шопов за лекување во странство. Тони Шопов е истакнат спортски работник од Велес, некогашен репрезентативец со особен придонес за ракометот. Упатуваме искрени желби за брзо закрепнување“, се вели во соопштението од Ракометната Федерација на Македонија.

Се вчитува...