РФМ со честитки за победата на фудбалерите над Косово – Момци со Вас сме! Со срце за Македонија!!!

Фудбалската репрезентација на Македонија е на чекор од историски пласман на Европските првенства, откако синоќа со 2-1 го совлада Косово во полуфиналето од плеј-офот од Лигата на нации. Честитки за успехот на избраниците на Игор Ангеловски стигаат од сите страни, а последна се приклучи и Ракометната федерација на Македонија која ја честиташе победата на „црвено-жолтите“.

„Ракометната Федерација на Македонија упатува искрени честитки за победата на нашата фудбалска селекција против селекцијата на Косово.
Секоја чест за борбеноста, истрајноста, силниот тимски дух, единството во составот и карактерот.
Момци со Вас сме !
Со ❤ за ????????!!!

Ракометната Федерација на Македонија упатува искрени честитки за победата на нашата фудбалска селекција против…

Posted by Ракометна Федерација на Македонија – официјална страница on Friday, October 9, 2020

Се вчитува...