Рибакина ја „збриша“ Остапенко за пласман во полуфинале

Елена Рибакина од Казахстан е првата полуфиналистка во женска конкуренција на Австралија Опен, откако во 1/4 финалето беше подобра Јелена Остапенко, која беше најдобропласирана од тенисерките кои останаа во Мелбурн.

Рибакина славеше по 1 час и 21 минута, беше подобра со 2-0 во сетови (6:2, 6:4). Летонката не успеа да парира на одличната игра на противничката, која направи брејк и во првиот и во вториот сет, додека Остапенко успеа само во вториот.

Рибакина за пласман во финалето ќе се бори со подобрата од дуелот Пегула – Азаренка. Ова за Казахстанката е прво полуфинале на турнирот во Мелбурн.

Се вчитува...