Рибакина прва финалистка на Австралија опен

Казахстанската тенисерка Елина Рибакина е прва финалистка на првиот гранд-слем турнир во сезоната Австралија опен. Шампионката од Вимблдон од минатата година во полуфиналето со максимални 2-0, по сетови 7-6 и 6-3 славеше над Белорусинката Викторија Азаренка.

Првиот сет помина во неверојатна борба на двете страни која на крајот и припадна на Казахстанката, додека во вториот направи ран брејк кој на крајот беше доволен за ново гранд-слем финале.

Во финалето Рибакина ја чека подобрата од дуелот меѓу Арина Сабаљенка од Белорусија и Полјачката, Магда Линет.

Се вчитува...