Рибари револтирани: Андоновски беше фатен од нас како мести натпревари на Охрид

Навивачката група „Рибари“ од Охрид уште еднаш објави дека се тотално разочарани од раководството на ГРК Охрид кои се одлучија на клупата да го вратат Горан Андоновски. Тие велат се додека е тој на чело на клубот, нема да присуствуваат на натпреварите на нивниот омилен клуб.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме соопштението на навивачката група „Рибари“ од Охрид.

„Последниов период повеќе пати укажувавме на тоа дека ние по никоја цена и под никој услов нема да се сложиме со поставувањето на Горан Андовноски за тренер на нашиот Охрид!
По одржаните состаноци со новото раководство на ГРК ОХРИД ние не наидовме на заеднички јазик. Ние се осеќаме изневерени и длабоко сме револтирани бидејќи тоа беше едно единствено барање за доброто на клубот на кој му ја дадовме младоста!

Уште еднаш јавно ќе ќажеме дека Горан Андоновски е човекот кој не навреди нас како група во неколку наврати, Горан Андоновски е човекот кој лично од наша страна беше фатен заедно со дел од играчите под своја закрила како се обложуваат и местат натпревари на ГРК ОХРИД! горан андоновски јавно три години уназад плукаше по нашиот клуб кажуваше се и сешто се ситеше на секој пораз!

И уште една работа знаеме дека твоето наводно извинување према нас беше нарачан текст а не твои зборови! Затоа ние гласно кажуваме НЕ за Горан Андоновски! После согледувањето на сите околности и ситуации НГ РИБАРИ ОХРИД донесе одлука дека повеќе НЕМА ДА ПРИСУСТВУВА на натпреварие на ГРК ОХРИД! Очигледно Горан Андоновски вредеше повеќе од стотици верни рибари кои повеќе од една деценија не пропуштиа ниту еден натпревар!Без нас ГРК ОХРИД ќе биде клуб без душа бидејки РИБАРИ се душата на ГРК ОХРИД!  Спортската сала и натпреварите ќе бидат само еден обичен театар без нас! Зато сите сили ќе ги насочиме кон ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС нашите фудбалски миленици и ќе бидеме нивна најголема поддршка во борбата за прва лига! Пред нас е најбозбудливата фудбалска сезона во лига која ќе брои 16 екипи! Ќе гори фудбалскиот стадион Атина Бојаџи на сите фудбалски мечеви! Исто така за прв пат после многу години се враќа и езерското дерби на фудбалските терени! Бидете во тек следуваат многу новитети!“, стои во соопштението на „Рибари“. 

Се вчитува...