„Рибарите“ од Исланд пристигнаа во Скопје со желба за „празна мрежа“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Репрезентативците на Исланд претпладнево го одработија официјалниот тренинг на арената „Тодор Проески“ пред утрешниот квалификациски дуел со Македонија од последното коло на патот кон СП 2022.

За разлика од македонската селекција за која ова е одлучувачки натпревар за второто место и обезбедуање бараж за пласман на СП 2022, за Исланѓаните натпреварот апсолутно ништо не значи од резултатски аспект.

Но, како што одиграа без голови против Романците во Букурешт, порачуваат дека и во Скопје се дојдени да ја зачуваат својата мрежа. „Рибарите“ веруваат дека може да ги „замрсат сметките“ и на Македонија во желбата да дојде до триумфот за дефинитивно освојување на второто место во квалификациите…

 

Се вчитува...