Третиот голман Сергеј Ернанез и пикерот Абел Сербио отпаднаа од составот на Шпанија во последниот рез што го направи селекторот Жорди Рибера во подготовките пред настапот на СП во јануари. Шпанија која е актуелен европски шампион и прв фаворит во нашата група Б во Минхен, во Германија ќе патува со 17 ракометари со кои Рибера ќе ја одработи и завршната фаза од подготовките.
На голот на Шпанија на СП 2019 ќе бидат Гонзало Перез де Варгас и Родриго Коралес. На пикерската позиција по последната корекција останува триото – Јулен Агинагалде, Адриа Фигуерас и специјалистот за одбрана Гидеон Гвардиола.
Првата фаза од подготовките за СП, Шпанците ја почнаа минатата недела во Алмерија, а завршува денеска. Подводневниот празничен одмор, Шпанците на 2 јануари продолжуваат со втората фаза од подготовките во која им претстоу и настап на Интернационалниот меморијален турнир „Доминго Барсенас.
Шпанија во Минхен ќе патува со 17 ракомнетари, а пред стартот на натпреварите на 11 јануари, Рибера ќе одлучи кој ќе остане како резерва на трибини.
Македонија и Шпанија играат меѓусебе на 16 јануари, во претпоследното коло во групата Б во која се уште и селекциите на Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА