Рибера за „игрите“ на Јакобсен: Изгледа Данците многу сакаат да играат со Шпанија

Одлуката на Николај Јакобсен да ги одмори клучните дански ракометари за синоќешниот меч со Франција се уште е главна вест во ракометните кругови во Европа.

Поразот на Данска значеше и паѓање на второто место во групата, што само по себе носи и дуел со актуелниот европски првак Шпанија во  полуфиналето наместо со Шведска, која беше второпласирана во другата група. Шпанците воопшто не се импресионирани од оваа „математика“ на наредниот противник, за што отворено на денешната прес-конференција говореше и селекторот Жорди Рибера.

„Од она што го гледам, ми изгледа дека Данците многу сакаат да играат со Шпанија. Мое мислење е дека можеа да бираат, а тие избраа во полуфиналето да играат со нас“, изјави Рибера.

Данска и Шпанија се сретнаа во полуфиналињата од двете последни големи натпреварувања, на СП 2021 во Египет и на ОИ во Токио, при што данската селекција стигна до две победи.

Дојде ли времето за израмнување на сметките?

Се вчитува...