Рибери опериран, ќе паузира до март

Алтернативните методи не вродија со плод, па Франк Рибери денеска мораше да биде опериран по незгодната повреда на скочниот зглоб што ветеранот ја заработи пред петнаесетина дена на дуелот со Лече. Лекарите на „виолетовите“ најпрвин препорачаа мирување во обид проблемот да биде саниран без хируршки зафат, но откако стана јасно дека повредата е сериозна, оваа опција стана неизбежна.

„Хируршкиот зафат врз Франк Рибери извршен во Германија беше извршен беспрекорно, фудбалерот во текот на утрешниот ден ќе пристигне во Фиренца и наскоро ќе стартува со рехабилитациската програма. Првичните прогнози се дека тој ќе може да се врати на нормални активности за 10 седмици“ – објави Фиорентина, со што стана јасно дека крилниот офанзивец нема да може да се врати на терените до март.

„Виолетовите“ важат за едно од најголемите разочарувања во Калчо-лигата сезонава, овој тим по 15 одиграни кола се наоѓа на 13. позиција, со само три бода предност во однос на екипите од зоната за испаѓање

Се вчитува...