Рибери се посрамоти, Марсело не прости за 1-1 во Минхен

Резултатот е израмнет (1-1) по првото полувреме од натпреварот меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид, исход од кој позадоволни сигурно се гостите по израмнувачкиот гол што го постигна Марсело во 44. минута.

Баварците поведоа преку Кимих, а потоа создадоа уште една стопроцентна шанса, но Рибери се посрамоти се очајна контрола кога требаше да излезе очи в очи со голманот Навас. Веднаш потоа Баерн имаше уште една одлична ситуација, но Рамос го изблокира Милер и спречи 2-0, за во 44. минута да дојде и израмнувачкиот погодок, кога Марсело со волеј-удар од работ на шеснаесетникот го совлада Улрих.

Се вчитува...