Рибери се сопна од топка… и тешко се повреди (видео)

Баерн Минхен остана без планирани два бода откако прокоцка предност од два гола против Херта, но уште поголем проблем за баварскиот гигант претставува повредата на Франк Рибери.

Французинот заработи бизарна повреда, без никаков дуел останувајќи да лежи откако незгодно ја нагази топката во обид да тргне напред. Рибери во агонија лежеше на теренот и експресно беше заменет, а при излегувањето не можеше ниту да стапне на повредената нога, па се упати кон соблекувалните со помош на клупските лекари.

Се вчитува...