Рибери стана највозрасниот странец што постигнал гол-првенец во Серија А

Францускиот ветеран Франк Рибери по повеќе од една деценија ова лето го напушти Баерн Минхен и доби понуда да го облече дресот на Фиорентина. И во 37-та година од животот игра одличен фудбалер, а постигна и прекрасен гол против Аталанта во ремито (2-2).

Рибери постави и нов рекорд во Серија А. Тој стана највозрасниот странец кој успеал да постигне гол – првенец во италијанското првенство. Стрелаше со 36 години и 168 дена. Одлично реагираше на центаршутот на Киеза и со волеј – удар со левата нога ја затресе мрежата на Аталанта.

 

Се вчитува...