Рибери станува тренер, веќе ја доби првата работа во германскиот гигант

Легендарниот фудбалер Франк Рибери, одлучи да започне тренерска кариера, а занаетот ќе го почне токму во клубот каде ја доживеа најголемата афирмација.

Германските медиуми пишуваат дека Рибери од следната сезона ќе работи во Баерн Минхен, во младинската академија.

Французинот го носеше дресот на Баерн 12 години, со кој освои се што можеше да се освои, меѓу нив и трофејот во ЛШ во 2013 година. Тој го напушти германскиот тим во 2019 година, а потоа играше за Фиорентина и Салернитана, каде ја заврши кариерата.

Во моментов полага за тренерска лиценца, и многу е блиску да ја добие потребната лиценца. Тој ја заврши кариерата пред две години.

Се вчитува...