Рибери во проблеми, збесна, го туркаше судијата, го фатија камери (ВИДЕО)

Франк Рибери би можел да се соочи со казна поради туркањето на еден од помошните судии по натпреварот на Фиорентина со Лација во викенд колото во италаијанската фудбалска Серија А. Рибери беше раздразлив уште кога Виченцо Монтела го замени во 75 минута.

По завршувањето на дуелот и победата на римскиот тим, фудбалерите на Фиорентина останаа да се распараваат со судијата, а Рибери двапати во мешаницата очигледно турка еден од помошниците. Од Серија А потоа информираа дека Рибери добил црвен картон што значи дека го очекува суспензија.

 

 

 

 

 

Се вчитува...