Риболовљев го продава Монако

Рускиот тајкун Димитриј Риболовљев сериозно ја разгледува можноста за продажба на францускиот клуб Монако. Причините не се од спортска природа, туку Риболовљев сака да се пресели во Англија и ја преземе тим од Премиер – лигата.

Како што откриваат француските медиуми, веќе се пристигнати две сериозни понуди за купување на мнозинскиот пакет акции на Монако. Првата е од инвестициски фонд од САД, а втората од шеик од Обединетите Арапски Емирати.

Риболовљев го купи Монако во 2011 година како тогашен второлигаш кој испадна од елитата по пауза од 35 години.

Се вчитува...