Ријека и Динамо Загреб во недела го играат дербито од 15. коло во хрватскиот шампионат.
Водечката Ријека посакува триумф против лутиот ривал, а сето тоа е повеќе од доволно за да вријат страстите меѓу навивачите на двата клуба. Дека од ријечката „Армада“ со нетрпение го очекуваат мегданот јасен показател се и пораките кои се испраќаат кон нивните две најомразени личности во редовите на Динамо Загреб, македонскиот фудбалер Стефан Ристовски и тренерот Сергеј Јакировиќ.
„Јакир – Ристовски… Ве чека пекол!“ – е пораката која им ја испраќаат навивачите на Ријека.
Ристовски беше еден од најважните играчи на Ријека во сезоната 2016/17 кога се освои двојната круна. Потоа македонскиот десен бек замина во редовите на Спортинг Лисабон, а откако се врати повторно во Хрватска заврши во Динамо Загреб. Тоа никогаш не му простија навивачите на Ријека поради што е нивна цел речиси на секој натпревар.
Но, сега уште поголема е омразата кон актуелниот тренер на Сергеј Јакировиќ кој пред два месеци среде сезона буквално побегне од Ријека преселувајќи се на клупата на Динамо Загреб каде, пак, не се прослави со една од најслабите сезони на „модрите“ во последните десет години. Па, Јакировиќ ако загуби во Ријека најверојатно ќе добие и отказ од Динамо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА