Ријека на +8, Ристовски и Жута веќе слават и со претседателката на Хрватска (ФОТО)

Ријека славеше против Осијек со 2-0 во 30. коло од шампионатот на Хрватска, и по киксот на Динамо Загреб, на шест кола пред крајот веќе е на плус осум бода од „модрите“ во трката за титулата.

Факт е дека тимот на македонските интернационалци Стефан Ристовски и Леонард Жута е повеќе од блиску до освојување на хрватската круна, иако има уште вкупно 18 бода во игра. Но, вчерашната победа беше и оние +8 пред Динамо Загреб, кој се чини полека се откажува од трката, се повеќе од доволна причина за прослава во соблекувалната на Ријека.

ristovski so rijeka

А, таму Ристовски и Жута славеа и заедно со претседателката на Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ кој присуствуваше на вчерашниот дуел на „Рујевица“ и потоа им честиташе на домашните фудбалери.

Се вчитува...