Ријека потврдува: Ристовски прави трансфер во Спортинг Лисабон

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски прави трансфер во португалскиот гигант Спортинг Лисабон. Ова сега го потврдува и хрватскиот првак Ријека, а трансферот ќе се реализира можеби до крајот на викендот.

Како што истакнува претседателот на Ријека, Дамир Мишковиќ, Спортинг Лисабон сака експресна реализација.

„Немавме разбирање од клубот и од играчот кои сакаат трансферот да се случи брзо. Немаме како да реагираме затоа што на крајот од сезоната би можел да си замине како слободен играч”, изјави Мишковиќ за хрватските медиуми.

Според најавите, Стефан Ристовски треба да потпише петгодишен договор со Спортинг Лисабон.

Се вчитува...