Ријека жестоко казнета за навредите кон Стефан Ристовски

Хрватскиот Фудбалски Сојуз жестоко го казни тимот на Ријека за навредите што навивачите на оваа екипа ги упатија кон македонскиот репрезентативец за време на последното дерби со Динамо Загреб.

Ријека е поранешен клуб на Ристовски, а навивачката група „Армада“ го навредуваше Македонецот во текот на целиот меч, за Стефан и Динамо на крајот сепак последни да имаат причина за здравје со големата победа со која „модрите“ направија џиновски чекор до нова титула.

„Ријека се казнува и затоа што во 45. минута домашните навивачи на источната трибина извикуваа „Цигане, цигане“ кон играчот на Динамо, Стефан Ристовски. Со ова е направен прекршок на членот 87 од Дисциплинскиот правилник, за што се одредува парична казна од 4.500 евра“, се вели во одлуката на „дисциплинецот“.

Се вчитува...